Евроатлантските интеграции на Република Македонија, унапредување на билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста, споделување искуства во меѓународните мировни мисии биле дел од темите на денешниот разговор во Рига меѓу министерот за одбрана Зоран Јолевски и неговиот домаќин, министерот за одбрана на Летонија Рејмондс Бергманис.
Како што информира Министерството за одбрана, Јолевски изјавил дека Македонија и Летонија имаат многу заеднички нешта кои треба да се искористат за унапредување на соработката, како во делот на образованието, обуката на припадниците на двете армии, така и во делот на споделување на искуствата од досегашното учество во мировните мисии. Тој додал дека соработката меѓу двете земји особено добива на интензитет и дека денешната средба е резултат на средбата која се одржа во Македонија при посетата на сегашниот претседател на Република Летонија, Рејмондс Вејонис, тогашен министер за одбрана.
Македонија и Летонија имаат искрени меѓусебни односи, поткрепени со континуирана соработка во полето на одбраната. Летонија се залага за политиката на отворени врати на НАТО и целосно ја поддржува Македонија за полноправно членство во Алијансата, истакнал министерот Бергманис. Тој ги поздравил и постигнатите одбранбени реформи, учеството на Армијата во мировните мисии и високиот квалитет и професионализам кои го поседуваат припадниците на Армијата на Република Македонија.
Во текот на разговорот, на кој бил присутен и началникот на Генералштабот на Воените сили на Република Летонија, генерал полковник, Рејмондс Граубе, се дискутирало за искористување на капацитетите од страна на одбранбените сили на Летонија, со кои располага Министерство за одбрана на РМ, како што се Центарот за обука на пилоти, Регионалниот центар за односи со јавност, Воената академија.
Јолевски денеска имал средба и со државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Андрејс Пилдеговичс, каде побарал отворена поддршка за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.
Министерството за одбрана најави дека Јолевски, во рамки на официјалната посета на Летонија, утре ќе оствари средби и со претседателот на Комитетот за одбрана, внатрешни работи и превенција од корупција во Парламентот на Република Летонија, Аинарс Латковскис, и со директорот на Центарот за стратегиски комуникации Јанис Сартс, а ќе ја посети и Воената база Адажи, каде ќе се запознае со нивниот медицински центар и останатите капацитети на базата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јолевски- Хојт Ји: Фер и кредибилни избори и побрза евроатлантска интеграција
-
Припадниците на АРМ во проектот „АРМ – мој вистински дом“ ги извлекоа броевите на нивните станови
-
Министерот Јолевски: АРМ деноноќно е на терен и му помага на населението погодено од поплавите (Видео)
-
Унгарија дава целосна поддршка за влез на Македонија во НАТО и во Европската унија