| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Боуви оди во пензија

Десет години минаа од неговиот последен концерт, а според новите информации, Дејвид Боуви никогаш повеќе не планира да оди на турнеја. Секако, ако може да се верува на неговиот менаџер, Џон Гидингс, кој до сега му договараше концерти.

– Тој одлучи да се пензионира, токму како и Фил Колинс, а од тие луѓе не можете да барате по кој знае кој пат да излезат на сцена – изјави Гидингс.

На Боуви последна турнеја беше „A Reality Tour“, 2004 година, а и покрај вестите дека нема да работи турнеја, тоа не значи дека не пишува нови песни. Неодамна напиша музика за серијата „The Last Panthers“. Новите песни на Боуви ќе бидат претставени и во мјузиклот „Lazarus“ на Бродвеј, во декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top