| четврток, 6 декември 2018 |

Прамен од косата на Дејвид Боуви на аукција

Фановите на Дејвид Боуви ќе имаат можност да купат по малку бизарен спомен на починатиот пејач.

Станува збор за прамен од неговата коса, исечен од Венди Фарие и тоа при изработка на восочната фигура на Боуви за музејот „Мадам Тисо“.

Фарие во музејот работеше во раните 80-ти години на минатиот век, а праменот коса го исекла за да се изработи што подобра перика за восочната фигура.

Праменот го сочувала до денес и сега го нуди на аудија. Почетната цена на праменот е 4.000 долари, но упатените тврдат дека до петок кога ќе се оддржи аукцијата, цената може драстично да порасне.

Досега најскапиот прамен коса на некоја славна личност е продаден за 35.000 долари, а му припаѓал на починатиот Џон Ленон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top