Најголемата тајна во македонската политика деновиве се чини дека е конечно разоткриена, откако утринава религиозниот новинар, активист, твитер поет и интернет револуционер Мухамед Зекири го најави своето заминување од „Алсат-М“ телевизијата.
Се чини дека на овој потег Зекири се одлучил само за да реализира една своја огромна дамнешна амбиција – да стане Министер за внатрешни работи. Според договореното во Пржино, СДСМ ќе постави свој прв човек во МВР до 20-ти октомври, а после долгото скенирање на потенцијални кадри во партијата, изборот сепак паднал токму на Мухамед Зекири.
„Размислувавме долго и темелно кој од нашите членови и истакнати политичари би можел да ја преземе првата позиција во МВР која ни припадна со договорот од Пржино, но не можевме да најдеме подобар од Зекири.“, велат наши извори од раководството на СДСМ.
Понатаму, дознаваме како течел процесот на избор на Зекири:
„
МВР долги години го водеше жена па за да не дискриминираме, сакавме овојпат да одбереме маж кој сепак – е доволно чувствителен. Така отпадна Ременска. Шилегов не доаѓа во обзир бидејќи е слаб со нервите, а ќе има службен пиштол. Пендаровски одби бидејќи не сака луѓето на него да гледаат како на сензитивна и фрагилна личност. Фрчковски сам ни се понуди и ни тврдеше дека имал некои шеми и комбинации како министерството „да го напраиме топ, бомбонче“ – но сепак се одлучивме тоа да биде Зекири бидејќи покажа исклучителна храброст во пишувањето статуси на фејсбук“, дознаваме од нашите извори.
Негови блиски пријатели велат дека Зекири цела вечер плачел од среќа кога дознал дека ќе биде избран за министер за внатрешни и веднаш откако си дошол на себе, нарачал да се изработи фан страница „МВР Зекири“ преку која ќе може да покажува колку е тврдокорен во работата која ја работи, како и да му изработат посебна полициска шапка за секојдневието, која инсистирал да ја симнува само за туширање и спиење.
„Веднаш ни се јави и на шега ни се закани дека ако не му се обраќаме со Генерале Министре, ќе не уапси и ќе не прати на работа во Сирија на црно, каде што имал некои познати. Две секунди подоцна рече дека не се шегува. Па пак рече дека се шегува. Па се слушаше пукање и извици како Јееееа ду ај фил лаки, паааанк?“, велат негови анонимни познаници.
Зекири побарал и прес конференциите да ги држи на фејсбук, а не на твитер или во живо, бидејќи на фејсбук му било најлесно да биде опасен, храбар и непопустлив. Во живо бил премногу кроток, а твитер му служел за да пишува љубовна поезија.
Неофицијално дознаваме дека првата акција која нема да ја спроведе како министер е акцијата за апсење на вахабистите од Скопје.
Кромиди Запад
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Top