| четврток, 6 декември 2018 |

Софијанова: Направивме светски конгрес за педијатри во Македонија, предавањата за вакцинацијата најинтересни (видео)

Во изминатиот викенд во Струга се одржа Шестиот национален конгрес на педијатри во Македонија на кој присустуваа еминентни стручни лица од Европската унија, Велика Британија, САД, Канада. На Конгресот се дискутираа повеќе теми од областа на педијатријата, а учестуваа 30 исклучителни експерти за неонатологија и педијатрија од 15 држави од светот. Извонредна заинтересираност предизвикаа предавањата за вакцинација, односно имунизација, што е тренд во државата.

– Направивме светски конгрес во Македонија и драго ми е што покажавме дека можеме. Имаше повеќе од 700 присутни и учестуваа гости од ЕУ. Од Канада беше дојден националниот кооринатор за астма, од Велика Британија беа дојдени стручни лица кои се занимаваат со вакцинација и развојно следење на деца со пречки во развој. Посебен акцент давам на трансплантацијата која беше една од клучните теми, особен акцент давам на ретките болести и се разбира на вакцинацијата, односно имунизацијата. Разговорите на таа тема предизвикаа извонредно голема заинтересираност – вели професор д-р Аспазија Софијанова, претседателка на Здружението на педијатри на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top