Турската полиција приведе двајца осомничени членови на Курдската работничка партија (ПКК), кои пред нападот во Анкара во саботата напишале на Твитер дека во главниот град ќе биде активирана бомба, јави турската телевизија НТВ.
Кусо пред двојниот напад, во кој загинаа најмалку 97 лица, на Твитер било објавено: „Во Анкара ќе експлодира бомба“.
Анкарското Обвинителство се обратило до Дирекцијата за телекомуникации со барање за информации за идентитетот на лицата, кои ги отвориле налозите на Твитер, Anotoly, Todorov и GoranMetasyan, на кои биле напишани ваквите објави.
Турската полиција исто така открила лична карта, која веројатно му припаѓала на еден од извршителите на двојниот напад.
Личната карта е пронајдена во близина на телото на осомничениот напаѓач, изјавија претставници на Главното обвинителство на Анкара.
Обвинителството одлучило да не го открива идентитетот на осомничениот напаѓач, бидејќи се уште не откриен идентитетот на вториот напаѓач.
Според весникот „Хуриет“ осомничениот напаѓач, бил на листата на турската разузнавачка служба МИТ за потенцијални напаѓачи-самоубијци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.