Уредникот на „Алсат- М“, Мухамед Зекири, објави дека си заминува од телевизијата. Во пораката преку социјалните мрежи тој се поздрави со колегите, наведувајќи ги десетте години минати во тој медиум.
Зекири не открива каде ќе ја продолжи кариерата, но вели дека, пред сè, ќе остане новинар. Според шпекулациите што ја следат дневната политика, не би било изненадување неговото име да биде на листата за некоја од позициите што, во согласност со договорот од Пржино, се определени за кадри на опозицијата.
Во март годинава, пак, опозициските медиуми лиферуваа дека токму Зекири е главен фаворите на СДСМ за местото директор во Јавниот сервис МРТ. Тој како жесток поддржувач на политиката на Зоран Заев, беше познат по тесните врски со видни членови на ДУИ, за што беше споменат и на прес конференциите на СДСМ, по што отворено се спротивставуваше на Али Ахмети заради коалицирањето со ВМРО- ДПМНЕ.
Во новинарската фела Зекири се споменува и како главен уредник во време кога главната жена на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис доби отказ од работното место во „Алсат- М“, а емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов беше цензурирана и укината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Муки си кажал уште во 2015: Некои „Албанци“ за мода немаат проблем и педери да станат
-
„Либералната“ левица и поддржувачите на ЛГБТ со навреди кон Зекири и жените од муслиманската заедница
-
Љуми Бекири разочаран: Гласав за живот, не за смрт
-
Ѓорчев до Зекири: Од Македонија се бараат еден куп остапки кои СДСМ е подготвена да ги направи за да остане на власт