Косовските безбедносни служби минатата недела спровеле тактички вежби во близината на јужна Митровица, пишува српски Новисти.
Повикувајќи се на разузнавачки извори блиски до меѓународните сили, весникот пишува дека во вежбите учествувале околу 1.000 припадници на косовските сили со полна борбена опрема.
– Американските униформи, вооружувањето и начинот на движење во групи со карактеристични наредби и гестикулации укажуваат кој ги обучувал. Изведоа тактичка обука во правецот јужна Митровица- Баир- Ваганица. Тој терен по карактеристиките многу наликува на правецот Суви Дол- Брџани- Звечанн, каде во последните три години трае интензивно населување на Албанци. Според сите проценки тоа би бил најповолен правец за евентуален напад на север, рекол изворот за Новости.
Според весникот, тактичката вежба била до сега најсериозна демонстрација на сила, но Приштина ниту можела, ниту смеела да преземе било каков чекор без одобрение на САД.
Едно од можните сценарија било косовските единици да послужат како пешадија за предизвикување инциденти за потоа да се вмеша КФОР и да го реши „српскиот проблем“.
Тачи пред некој ден најави дека во случај да не се постигне договор, Косово ќе употреби сила за вопоставување ред во северниот дел на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации