| четврток, 6 декември 2018 |

Голем подвиг на Турција, со гол во 89.минута се пласираше на ЕП (видео)

Turkey vs lceland

Репрезентацијата вечерва славеше на домашен терен против Исланд со гол во 89.минута и со тоа обезбеди директен пласман на Европското првенство кое догодина ќе се одржи во Франција, како најдобра третопласирана репрезентација по групи.
Избраниците на селекторот Фатих Терим го избраа потешкиот пат за пласман на ЕП бидејќи по првите три кола немаа остварено ниту една победа. И на овој натпревар Турците се мачеа се до финишот од мечот бидејќи останаа и со играч помалку на повеќе од 10 минути до крајот на натпреварот по исклучувањето на Гокхан Торе. Сепак херојот за целата нација е играчот на Галатасарај Селчук Инан кој успеа да ја затресе мрежата на Исланд по фантастичниот слободен удар во 89.минута.
Турција како најдобра третопласирна репрезентација оди директно на ЕП. Пред овој меч тоа беше репрезентацијата на Унгарија која сепак ќе мора да игра во баражот бидејќи со победата на Казахстан над Летонија од 0-1, работите се променија.

Во баражот, пак, ќе играат Унгарија, Украина, Норвешка, Данска, Шведска, Ирска, БиХ и Словенија. Двојките ќе бидат познати по ждрепката која ќе се одржи во Нион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top