Булдожер на 14-годишниот Омар од Сирија му ги отсекол стапалото и дланката, откако одбил да се приклучи на таа терористичка организација. Булдожер притоа ги собрал останатите деца, кои морале да го гледаат ѕверскиот чин.
– Ја стави мојата рака на греда и ми ја отсече дланката со нож, а потоа ми го отсече и стапалото – им рекол Омар на новинарите.
Булдожер е маскиран џихадист, кој поради изгледот и суровоста го добил овој прекар, а досега извел повеќе од десет погубувања на невини цивили во името на ИСИС. По Џихади Џон, светот има шанса да го запознае новиот џелат, кој со своите убиства шокирал голем број на луѓе.
Тој пред камерите се појавува завиен во црно, односно облечен од глава до пети, а му се гледаат само очите.
Фотографиите од монструмот се појавиле и на неколку интернет страници под контрола на ИСИС. На нив џелатот убива заложници во ирачката провинција Анбар, пишува Делји мејл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)