Во јуни 1962 година тројца затвореници успеале да побегнат низ дупка која ја ископале во ѕидовите на затворот Алкатраз во Сан Франциско. Долго се мислело дека ограбувачите на банки, браќата Џон и Кларенс Англин, се удавиле при совршено испланираното бегство од Алкатраз.
Новите докази тоа го демантираат…
Властите тврдат дека се удавиле за да го сочуваат митот за затворот од кој никој не успеал да побегне.
Дали навистина било така?
Браќата заедно со Франк Морисон го смислувале бегството една и пол година. Одлуката била дека 11. јуни 1962. година ќе биде денот кога ќе ја здогледаат слободата.
Се претпоставува дека побегнале преку вентилациските отвори. Но, најпрво морале да направат кукли кои “глумеле” затвореници, за да не се открие бегството при ноќното пребројување. Куклите биле направени во природна големина, а кај косите користеле вистинска коса која ја собирале од кај затворскиот фризер. Главите ги направиле од сапун и тоалетна хартија.
Браќата Џон и Кларенс Енглин и нивниот пријател Френк Морис направиле весла и сплав од украдени кабаници и се впуштиле во немирните води на заливот во Сан Франциско.
Алкатраз бил затвор на остров во тој залив, оддалечен од копното 2.4 километри.
Управата на затворот со децении тврди дека бегалците се удавиле за да го сочува митот за совршено чуваниот затвор од кој никој не успеал да побегне.
Единствените кои успеале да побегнат
Меѓутоа, сега после 50 години, откриени се нови докази кои ги претстави семејството Енглин, кое соработува со властите прв пат во последните половина век.
Семејството тврди дека браќата не само што го преживеале бегството, туку биле здрави и живи се до средината на 70-тите години на минатиот век, а можеби се живи и денес.
Доказите, кои ги презентирале внуците на браќата Енглин, Дејвид (48) и Кен Вајднер (54), објавени се синоќа во телевизиската емисија на ТВ каналот „History”.
Тие докази повторно го отворија случајот, па истражителите имаат намера да тргнат во Јужна Америка, во потрага по најпознатите американски бегалци.
„Ова е апсолутно најдобриот доказ кој го имаме уште од бегството“ – изјави пензионерот Арт Родерик, кој цели 20 години ја водел истрагата за бегството од Алкатраз.
Семејството Енглин ги чувало доказите, бидејќи според нив со години биле шпионирани и малтретирани од страна на ФБИ.
Браќата Англин веројатно ќе останат запаметени како најпознатите бегалци на сите времиња. За нивниот легендарен статус заслужен е фактот дека до ден денес не може со сигурност да се утврди исходот на нивното бегство, а за тоа бил направен и филм во 1979. година, со Клинт Иствуд во главната улога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)