
За кој Положани се работи? Полицијата ја реши дилемата врз чија куќа синоќа беше фрлен молотов коктел, јави А1он
Се работи за поранешниот министер за правда Мерсим Положани, а не како што беа првичните информации, поранешниот министер и дипломат, Азис Положани.
Полицијата трага по сторителите.
Мерсим Положани беше еден од активните членови на партијата ПДП, а сега работи како нотар.
Азис Положани, поранешен министер и дипломат, чие име беше објавено, ги негираше информациите дека непознати лица го запалиле неговиот дом. Положани вели дека не се наоѓа во Скопје.
Забуна внесе и фактот што во билтенот на МВР не стои за кој број на посочената улица станува број.
На оној што го кажуваат надлежните во усните информации не живее Мерсим Положани, туку сосема друго лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


