Лидерот на сирискиот огранок на Ал Каеда, Абу Мохамед ал Голани, понуди три милиони евра за главата на сирискиот претседател Башар ал Асад и два милиона за главата на лидерот на либанското шиитско милитантно движење, Хезболах.
Ал Голани во објавена аудиоснимка вели дека ќе му плати „три милиони евра на оној што ќе го убие Башар Асад и ќе го избрише од историјата“.
– Уште колку време ќе се лее муслиманска крв поради човек, кој е вљубен во власта? Колку време треба да чекаат муслиманите за да си ги вратат правата? – праша лидерот на групацијата Џебхат ал Нусра (Фронт на победата).
Ал Голани, исто така, вети два милиона евра за оној што ќе го убие лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Башар Ал Асад: Ќе се бориме против герилите финансирани од Америка
-
Антитерористичка анализа: ИСИС наскоро ќе стане Ал Каеда на стероиди, а единствено бара жени и секс (видео)
-
Асад: Сирија и Северна Кореја заеднички против големите сили