| четврток, 6 декември 2018 |

Башар Ал Асад: Ќе се бориме против герилите финансирани од Америка

Сириската војска и нејзините сојузници ќе ги продолжат борбите во Сирија по завршувањето на битката во провинцијата Деиз ез Зор, каде што Исламска држава го загуби своето последно упориште, рече претседателот на Сирија, Башар ел Асад.

Тој сугерираше дека би можел да започне војна против „Сириските демократски сили“, кои што се поддржани од САД. Тие во моментов контролираат повеќе од една четвртина од територијата на Сирија, а според Асад војната ќе биде насочена против тие кои сакаат да ја делат и слабеат државата.

– Победите против терористичките организации, кои започнаа од Алепо, нема да завршат во Деир ез Зор, рече Асад.

Тој сите групи кои што се борат против сириската власт ги окарактеризираше како терористички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top