Избирачкиот одбор на гласачкото место 2556 во Ѓорче Петров во гимназијата Кочо Рацин утрово регистрирал изборна нерегуларност кога еден од гласачите се обидел да го сними гласачкото ливче со мобилен телефон. Избирачкиот одбор веднаш повикал полиција по што му бил одземен телефонот.
– При гласањето употреби мобилен телефон. Не видовме дали сликаше, но се слушна чкрапање на мобилниот. Претпоставуваме дека сликаше за време на гласањето, поради што согласно законот повикавме службено лице од полицијата и ја известивме општинската изборна комисија која во моментот се најде на местото на гласањето,изјави претседателот на избирачкото место 2556 во Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


