Стратезите на Заев доживеаја дебакл. Стручњаците за односи со јавност, кои Заев дебело ги плаќа треба да ги отпушти. Парите што струмичкиот олигарх ги дал за да издејствува замачкување на очи со посетата на Израел треба да му ги вратат. Опозицијата е пробиена, дебаклот на Заев во светата земја излезе на виделина.
Џабе опозициските медиуми се обидуваат да ја претстават посетата на Заев на Израел во позитивно светло. Пропадна обидот на вештачки начин да се работи на имиџот на Заев, едноставно тој нема способност ниту пак капацитет за дипломатска активност, ниту пак некој го гледа како државник.
Зоран Заев во Израел, најблаго кажано, е турист и ништо повеќе од тоа. Оние поискрените ќе речат дека не е таму нити како турист, туку на креативен начин е викнат на сослушување кај израелските безбедносни служби заради обидот за нарушување на безбедносната соработка помеѓу Македонија и Израел.
Протоколот открива дека Заев не е примен како државнички гостин на Израел
Посетата на струмичкиот градоначалник на кабинетот на г-н Раувлин немаше никаков ранг на државна посета, ниту пак на работна посета, ниту пак на каква било средба на која се зборувало за политички теми како што зборуваат државниците.
Фактот што од таква средба нема видеоснимки, иако е видливо дека Заев платил камерман да го следи на посетата, ниту пак од средбата има официјална фотографија, освен фотографија направена од мобилен телефон од некој од придружбата на Заев, доволно говори за ниското ниво на прием, односно прием какви што израелските државници имаат по 20-30 во текот на еден ден, со разни гости од културата, спортот, бизнисот и други општествени сфери. Впрочем, такви средби во Македонија има и нашиот претседател Иванов, а се сеќаваме дека и Борис Трајковски имаше такви чести средби.
Премиерот Груевски на дневна основа има по 20 такви средби, кои владината служба за односи со јавноста не само што не ги ни објавува во медиумите, туку не ги ни покрива со фотографија.
Впрочем, каков што е и Заев, немушт по природа, и тој самиот во својата изјава потврдува дека не се работи за никаква државничка средба, туку само за протоколарна (цитат од Заев) посета и на тој начин самиот го дупнува балонот кој неговите дебело платени советници го дуваа неколку дена. Народот вика со свој камен по глава!
Исто така, дипломатите и стручњаците за протокол знаат дека на државничка средба со израелски претседател не се оди со светлосив костум, сина кошула и црна вратоврска! Никако! Си има строг дрес код како се прави тоа на државнички средби, каде што задолжителен е ТЕМЕН костум и БЕЛА кошула. Тоа се правила кои строго се почитуваат.
Стручните лица знаат, знаат и овие од СДСМ, и знаат дека се пробиени.
Сепак, најголем автодемант на обидот да се претстави посетата како државничка е кадарот (кој СДСМ сами го снимаат и сами го објавуваат) кога Заев дава изјава, а во заднина и тоа како, и тоа крупно, се забележува човек во ВЛЕЧКИ и во ШОРЦЕВИ, и може да се забележат случајни минувачи, туристи, луѓе во вообичаена и лежерна облека. Ако Заев, независно што дава изјава во парк во Тел Авив, бил пречекан како премиер, како што кажуваат Соросовите медиуми, тогаш сигурно ќе имаше средба и со израелскиот претседател на владата, ќе беше пречекан со химна, знаме, ќе имаше официјално соопштение на израелската држава. Искуството говори дека има исклучоци и кога се даваат изјави надвор од зградата каде имало средба, но секогаш по таква средба имало официјална информација од двете страни. Ден по средбата, на официјалниот сајт на израелскиот претседател нема ниту една реченица за оваа работа.
Какво лицемерие – Заев во Израел ја фали деловната клима на Груевски, а дома ја критикува
Уште еден во редот на големи киксови на Заев и неговите советници за односи со јавноста е тоа што во обид да се прикрие вистинската причина за посетата, која според наши извори не е нималку пријатна за струмичанецот, Заев, сакајќи да прикрие, дава и изјава каде зборува за комплетно други работи како јакнење на економската соработка, менаџментот на вода и кажува дека ќе има средба со бизнисмени со надеж дека ќе започне идни конкретни чекори на заемни трговски соработки, но и потенцијални можни инвестиции во Македонија. Ова значи и дека Заев е свесен и преставува своевидно признание за добрата деловна клима која Македонија им ја нуди на странските инвеститори, и која е заслуга исклучиво на Никола Груевски. Тоа значи дека и самиот Заев ги претставува инвестициските можности во странство кои во домашната јавност толку многу ги критикува и прави маркетинг од тоа. Дупло голо!
Туризам на Заев или креативен начин на сослушување на МОСАД?
Она што, исто така, останува дилема е вистинската тема на разговор и причината за посетата. Зоран Заев на една од прес-конференциите на која објавуваше нелегално стекнати материјали објави и телефонски разговори на израелски оперативец, кој имал за задача и бил пратен од државата Израел да изменаџира израелска донација за македонската полиција. Зоран Заев освен тоа што ја компромитираше израелската држава, ја загрози и безбедноста на оперативецот од Израел, откривајќи го неговиот идентитет и објавувајќи ја неговата патна исправа.
Самото објавување на странскиот посредник – вработен во Министерството за одбрана на една од најчувствителните во овој сектор држави – Израел, во делот донација на безбедносна опрема, кои по дефиниција се тајни, е нарушување и на внатрешната безбедност, работа против интересите на државата, но и загрозување на односите на државата со еден од нејзините најстратешки партнери. Идентитетот на Израелецот не само што не беше заштитен од телефонските разговори, туку дури и самиот Заев свесно отиде еден чекор понатаму објавувајќи детали за него.
Израелската државата го има добро проценето профилот на Заев, а оттука не би било чудно целта целта на посетата да е разговор околу некои негови активности меѓу кои токму и овие кои се поврзуваат со неговите минати прес-конференции.
Израел е познат како земја со извонредна безбедносна служба. Како таква, уште попозната е по креативните начини на безбедносно добивање на информации, што може да го забележи и секој обичен посетител на еврејската држава уште на аеродром каде што посетителот се среќава со еден крајно невообичаен разговор и постапки на израелските тајни служби, каде што наизглед наивно, но многу стручно, службеникот ги обезбедува сите потребни информации од лицето со кое зборува, а за тоа лицето што ги дава информациите во најголем број случаи не е ни свесно.
Заев е повикан на разговор во Министерството за внатрешни работи на Израел и во тајната служба МОСАД, што на никој начин не се поклопува со концептот на посета кој СДСМ сака да го претстави во јавноста.
Селективно новинарство во режија на Заев
Иако во Македонија постојано ламентира за еднаквост на медиумите, на посетата Заев носи само два медиуми, „Телма“ и „24 Вести“, кои, со сета почит кон нив, ниту се конкурентни по гледноста ниту пак по тежината што ја имаат. На овој начин, со ваква селективност, Заев и СДСМ самите на дело и со факти го демантираат она што го зборуваат, го прикажуваат своето лицемерие и својата нескреност.
И Бранко Геровски, кој е жесток поддржувач на опозицијата и жесток критичар на власта, денес изрази незадоволство од ваквиот селективен однос на СДСМ. Тоа е најдобра потврда дека опозицијата целосно го има изгубено компасот. Граѓаните го гледаат тоа, казната за СДСМ стигнува на 24 април 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)