Веќе 89 години, компанијата за трговија со луксузни стоки на мало „Neiman Marcus“, им нуди задоволство на клиентите со уникатен избор на подароци за празниците. И оваа година нема да биде различно.
За луѓето кои сакаат и можат да си дозволат да потрошат половина милион долари за себе и нивните најмили, плаќањето на околу 100 000 долари за патување до работ на вселената не е којзнае што.
Останатите 99% од луѓето можат едноставно да го разгледаат Божиќниот каталог на компанијата и да си мечтаат.
Парите сепак не се проблем за луѓето кои купуваат од „Neiman“.
Минатата година компанијата продаде луксузни стоки за над 5,1 милијарди долари.
Според Џинџер една од директорите во „Neiman Marcus“, подароците им овозможуваат на луѓето да доживеат нешто уникатно, како на пример да влезат во улога на астронаут.
„ Ние остваруваме соништа“, вели таа.
Таа предвидува дека повеќето артикли, а најмногу ограничената серија автомобили „Mustang“, ќе бидат брзо распродадени.
Други предмети, кои се очекува да бидат најпопуларни меѓу купувачите, се парфеми по нарачка за 475 000 долари, водни џетови за 50 000 долари и ограничена серија „Aston Martin Vanquish Volante“ за 344 500 долари.
Една од работите кои се истакнуваат во овогодинешниот Божиќен каталог на „Neiman“, се дводневно патување со мотор по должината на брегот на Калифорнија со актерот Кијану Ривс. Цената е 150 000 долари, а во неа е вклучен мотор KRGT-1 Arch, хотел и авионски билет.
За оние кои сакаат да патешествија во воздух, се нуди летање со балон и последователно со вселенска капсула на висина од 30 000 метри. Цената е 90 000 долари и за шесторица. Ова патување вклучува два часа поминати во горниот крај на атмосферата или двапати повисоко отколку што летаат патничките авиони. Во цената е вклучен бар со освежителни пијалоци и јадење.
За оние кои се плашат од висина, „Neiman“ нуди 7 дневна културна турнеа до Фиренца и Венеција. Вип патувањето вклучува посета на работилница на италијанската марка накит „Ippolita“. Цената на патувањето за четворица е 150 000 долари и вклучува и 10 000 долари добротворна донација.
Најскапиот подарок во овогодинешниот каталог е посета на Индија во вредност од 400 000 долари.
Дванаесет дневниот одмор за двајца вклучува сместување во хотел со пет ѕвездички и патување со приватен авион до Мумбаи, Џајпур, Удајпур и Делхи. Во паузата се вклучени приватни часови по крикет, посета на Таџ Махал со водич и часови по танц на филмскиот плоштад во Боливуд.
Секоја година во каталогот на „Neiman Marcus“ има и автомобил ограничена серија. Оваа година тоа е кабриолет „Mustang“ по цена од 95 000 долари. Автомобилот е со моќност 700 коњски сили и забрзува од 0 до 100 км / ч за 3,5 секунди.
Испораките се очекува да започнат пред 1 март 2016 година и вклучуваат дводневни инструкции на патека од професионални натпреварувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.