| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапата храна во светот

143866_1Колку и чудно да звучи, има јадења, од кои една порција може да ве чини повеќе од вашиот месечен буџет за храна или дури и неколку пати по скапо. Дали се по вкусни од нормалните или едноставно се нестандардни, проценете сами.
12. Маслиново масло Lambda
Lambada-oil

Во зависност од сортата маслинки, начинот на производство, марката, маслиновото масло може да биде доста скапо. Овој вид сепак е исклучително скап и може да се купи онлајн од „Harrods“ за 50 фунти плус превозот. Произведен е од грчката компанија „Speiron“ и е прогласен за првото луксузно маслиново масло во светот. Шишенцето од 500 мл, му дава сјај на супер луксузен парфем.
11. Традиционален оцет Балсамико
balsamico

Aceto Balsimico Tradizionale, или традиционален оцет Балсамико, е сосема поинаков од стандардните. Направен е од варени, подоцна набрани зрна италијанско бело грозје, сорта Требјано. Оцетот е отстоен минимум 12 години, многу повеќе од едно шише италијанско вино. Неопходно е многу големо количество грозје за негово производство, што го прави толку скап. Шише од 100 ml, 12-годишен традиционален оцет Балсамико може да се купи онлајн за 100 долари, а истото количество, но за одлежан 25 години, чини 180-190 долари.
10. Цивет кафе
CoffeeCivet

Цивет Кафе, е посебна сорта зрна, кои се делумно мелени и екскрементирани од претставници на семејство Виверови, животни слични на ракуни, распространети во Јужна и Југоисточна Азија. Половина килограм од него чини околу 500 долари.
9. Диња Јубари Кинг
Yubari_King_melons

Оваа диња се одгледува во оранжерии во некои делови на Јапонија и тешко можете да ја најдете во маалска продавница, дури и да живеете во Јапонија. Секое растение се наѓубрува и се полева одделно. Оние кои немаат перфектна форма и боја, се искорнуваат и исфрлаат. Обично се продаваат по две парчиња.
Највисока цена е постигната во 2008 година, кога локален бизнисмен купува пакет од две парчиња за сума од 23 илјади долари. Обичните дињи сорта Јубари се продаваат во продавниците за 50 до 100 долари за една.
8. Јапонска лубеница Денсуке
Black-watermelon

Иако надворешно по ништо не се разликува од обичните лубеници, оваа сорта дефинитивно достигнува цени, по неколку пати повисоки од нив. Се одгледува само на едно место во Јапонија , островот Хокаидо и годишно се берат околу 1000 парчиња, што е причина за високата цена. Имаат совршена кружна форма, темна боја и никакви линии. Се продаваат на аукција, а највисока цена која е постигната до сега е 6100 долари за плод со тежина од околу 7,7 кг.
7. Бејгл
Bagel

Бејгл, или по познат кај нас како геврек, но не обичен, туку онаков за 1000 долари. Направен е од шефот готвачот во „Westlin Hotel“ во Њујорк. Најскапата состојка во него е крем сирење од бела тартуфа. За постигнување на вистински „wow“ ефект додадено е и злато, што се јаде.
6. Ванила
VAnilla

Тоа е вториот најскап зачин во светот. Ванила парчиња се формираат и растат од жолтите и жолто-зелените ванилини цветови. Во природни услови цветовите се напрашуваат од инсекти и колибри, но во плантажите тоа се прави рачно. Зелените парчиња остануваат на гранката 8-9 месеци, по што се сушат уште половина година. Ванилин есенцијата не е вистинска ванила, туку е извлечена вештачки со синтетички мешавини – ванилин. За околу 100 долари, можете да купите 110 зрна ванила.
5. Шафран
saffron

Најскапиот зачин во светот се произведува од цветот на шафран минзухар. Се проценува дека чини повеќе од златото. Еден грам од него може да биде купен за минимум 120 долари.
4. Печурки „Матаче“
Matsutake-Mushrooms

Најскапите печурки на планетата може да се најдат во неколку делови на светот, вклучувајќи ги Европа, Азија и Северна Америка. Виреат во зимзелени шуми, обично скриени под борови иглички. Исклучително тешко се откриваат. Цената зависи од количината, местото на потекло и сл. и може да достигне од 90 до 2000 долари за килограм.
3. Бели тартуфи
white-truffles(1)

Тоа се вид печурки, кои се наоѓаат тешко, бидејќи се диви и обично се бараат со специјално обучени кучиња или свињи. Досега никој не успеал да ги култивира. Околу половина килограм од нив чини меѓу 6.000 и 10 илјади долари.
2. Црн кавијар од белуга
Beluga caviar in can, close-up

Познат уште како црно злато, кавијар од Иран и се добива од многу редок вид есетра, кој живее само во Каспиското Море. Цената за килограм достигнава и до 5.000 долари.
1. Злато што се јаде
Edible-gold

Најубаво украсено и чудно изгледа 23-каратно злато, што се јаде, чини околу 30 долари за 100 мг. Можете да го добиете и со шише 10-грама лушпа за 1275 долари. Апсолутно е без вкус е и нема никаква хранлива вредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top