Поранешниот репрезентативен голман на Германија, Јенс Леман, синоќа имаше интервју за националната телевизија.
Тој зборуваше за германските репрезентативци, се осврна на секој играч посебно кој настапи на натпреварот против Грузија, кој го доби Германија со 2-1, а посебно беше интересен коментарот за играчот на Борусија Дортмунд, Илкај Гундоган.
– Многу интелигентен играч. Одлично зборува и германски – изјави Леман.
Никој не знае што сакаше поранешниот голман да каже со тоа, посебно ако се знае дека Гундоган е Германец роден во Гелзенкирхен, иако родителите му се од Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.