Ново австриско истражување открива дека љубителите на горки јадења и пијалаци покажуваат поголема тенденција од другите кон садизмот и асоцијалното однесување.
Истражувајќи ја врската помеѓу личноста и склоноста кон специфични вкусови, научниците од Универзитетот во Инзбрук констатирале дека лицата кои сакаат горчливо имаат поголема склоност кон садизмот, макијавелизмот, нарцизмот и асоцијално однесување.
Тие луѓе исто така често се изразито скржави.
За време на истражувањето, волонтери биле изложени на разни категории на вкусови (благо, солено, кисело и горчливо), а потоа морале да ги рангираат според преференции и да одговорат на некои прашања кои се поврзани со нивната личност.
Резултатите на студијата покажале дека личностите кои уживаат во горчливи јадења и пијалаци покажуваат симптоми на психопатија.
Како и кај растенијата, кај кои нивото на горчливост покажува и ниво на токсичност, склоноста кон горчливи вкусови кај луѓето укажува на нивна потреба да се изложуваат на опасности и бараат силно возбудувања.
Колку личноста била пољубезна и подготвена за соработка, кај неа била намалена потребата за горчливи вкусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.