Холивудското лошо момче Чарли Шин, за жал, повеќе е познат по скандалите отколку по улогите, а инцидентот што се случи минатата недела во еден бар е уште еден доказ дека актерот наспроти годините, нема воопшто план да се смири.
Како што пренесува ТМЗ, Чарли кој бил под дејство на алкохол, забележал дека непозната жена го снима со мобилен телефон. Сведоците тврдат дека актерот пришол до жената и го бутнал телефонот од нејзините раце. Обезбедувањето реагирало веднаш и го исфрлиле Чарли кој додека го изнесувале од објектот сакал да се пресмета и со нив.
Некои портали пренесуваат дека нападнал и еден музичар, но оваа информација сѐ уште не е потврдена.
Педесетгодишниот актер со децении се бори со зависноста од алкохол и од дрога и се добива впечаток дека на неговото проблематично однесување не му се гледа крајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)