| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатна телефонски линија кај Народниот правобранител за пријавување повреда на гласачкото право

Од 7 до 19 часот во канцеларијата  на  Народниот правобранител ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават повреда на избирачкото право.

Со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на правата на граѓаните отворени се сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип,.

Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на  телефонските броеви Тетово 044 344- 082, Струмица 034 329 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389 701, Куманово 031 431-488.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top