Властите во Атина имале „проблеми“ со двајца владини членови, откако било откриено дека тие заборавиле да ги пријават своите годишни приходи, пренесуваат грчките медиуми.
Првиот случај се однесува на министер, кој во период од три години заборавал да ги пријави своите приходи во висина од еден милион евра. Сепак, тој тоа го направил годинава, внесувајќи ја вкупната сума во даночната пријава.
Вториот случај е претставник на кабинетот, кој имал акции во приватна компанија.
Телевизијата Мега тврди дека има уште пријави за неплатени даноци на еден актуелен и еден поранешен пратеник, како и дека тие останува да бидат проверени од финансиските власти.
Поранешен претседател на парламентарната комисија, одговорен за имотната состојба на службениците, Деспина Харалмбиду објави, дека за време на својот мандат добила од претходниот состав на комисијата повеќе сигнали за неисполнети даночни обврски од страна на пратеници и министри
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.