Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека минатата сезона забележал приход од 600 милиони евра.
Претставници на актуелниот европски шампион изјавија дека финансиската состојба на клубот е проверена од консултантска фирма „Дилот“ која пресметала приход од 608 милиони евра во текот на сезоната 2014/15.
Барселона додаде дека направила добивка од 15 милиони евра од данок во текот на минатата натпреварувачка сезона.
На каталонскиот клуб му претстојат претседателски избори и изборите за членови на Извршниот комитет.
За нов мандат ќе се бори против сегашниот претседател на клубот од „Ноу Камп“ Жорди Бартомеу и тројца други кандидати меѓу кои и поранешниот претседател на Барселона Жоан Лапорта.
Барселона минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, Примера и Копа дел Реј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.