| четврток, 6 декември 2018 |

Доументарниот филм „Не оставај ме“ во МКЦ (видео)

На 14 октомври, среда во џебното кино-МКЦ, во 20 часот, закажана е уште една кино-средба во рамките на проектот „Докувизија“. Овој пат домаќин на проекцијата е Интернационалниот фестивал за краток и документарен филм „Докуфест“ од Призрен.

Филмската приказна за двајцата пријатели, алкохолот и шумата ќе биде паралелно прикажана во Подгорица, Загреб, Белград, Мост на Сочи и во Скопје.

Режисер на филмот „Не оставај ме“ (Ne Me Quitte Pas/ Don’t leave me) е Сабине Лубе Бакер и Ниелс ван Коеворден.

Во едно село на крајот од Белгија, Боб и Марсел ги споделуваат осаменоста, смислата за хумор и жедта за алкохол. Боб е пензиониран каубој, заљубен во својата слобода и во шумата, а Марсел минува низ семејна драма. Се имаат договорено дека ако нештата тргнат на лошо, ќе се самоубијат и тоа, под Дрвото на животот на Боб. Времето им минува бавно, главно во друштво со чашката. И тогаш, се случуваат Валонскиот карневал, сообраќајната несреќа и неуспешната потрага по синот на Боб.  Но овие двајца не се сожалуваат и заедно пребродуваат сè. Еден ден Марсел ќе реши да престане да пие, но Боб одбива да му се придружи. И така тече приказната за смртноста во место каде што се чини дека времето застанало. Билетот чини 50 денари.

„Докувизија“ е партнерски проект на Балканската документарна дистрибутивна мрежа (БДДМ) во која покрај „МакеДокс“, членуваат и „Dokufest“, „Underhill Fest“, „Baš Volim Dokumentarce“, „Slobodna Zona / Free Zone Film Festival“, „Petra PAN FILM Production“ и „Demiurg distribucija“. Поддржан е од Фондот за уметност и култура за Балканот (Balkans Arts & Culture Fund (BAC)).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top