| четврток, 6 декември 2018 |

Фигаро: ЕУ да се откаже од Крим за да се избегне нова Студена војна

figaroЕУ треба да донесе повеќе важни одлуки, меѓу кои и да го прифати фактот дека дека Крим е дел од Русија за да се избегне нова Студена војна, пишува француски Фигаро.

Фигаро наведува дека ЕУ би можела да употреби слична стратегија која Москва ја понуди по прашањето на Косово.

– Од едностраното прогласување независност на Косово, Москва наведе дека ќе ја прифати секоја политичка одлука околу која ќе се сложат Белград и Приштина. Еу би требало да ја употреби истата стратегија – да го поддржи секое решение кое ќе го постигнат Москва и Киев, пишува францускиот весник.

Односите меѓу Русија и ЕУ и понатаму се напнати, во главно поради украинската криза, а за да се избегне нова Студена војна на континентот, лидерите на ЕУ мораат да најдат компромис со Русите, пишува Фигари.

Според весникот, тезата на ЕУ, за тоа како треба да се однесува кон Русија треба да се темели на следното: „Судир постои, не смее да продолжи, помирување е малку веројатно, но компромис е неопходен.“

Лидерите на ЕУ не треба долго да се занесуваат, веќе е време да сфатат дека кризата е сериозна.

Постојат две работи кои ЕУ би требало да ги направи за да излезе од незгодната политичка ситуација со Русија – прво Унијата мора да се придржува на договорот од Минск, и да инсистира во Киев да воспостави дијалог со Русија, наведува Фигаро.

Друго – добар дипломатски потег за Киев би бил официјално да се врати Крим на Русија, заклучува францускиот весник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top