| четврток, 6 декември 2018 |

Љубиша Георгиевски: ВМРО не е само политичка програма, туку ге­нетска програма за секој што се смета за Македонец

naslovna

ВМРО не е само политичка програма, туку ге­нетска програма за секој што се смета за Македонец, вели во интервју за новиот број на „Република“ режисерот и драмски писател, но и политичар и дипломат, Љубиша Георгиевски. Пр­жино е болшевистичка идеја, но идеја во која требаше да се компромитира победникот на изборите. Бидејќи многу се уси­ливме, 10 избори по ред. Европа не може да го разбере тоа. Во кој Устав пишува „специјален об­винител“? Значи Пржино приз­ нава дека има нешто поголемо од Уставот, а тоа е интересот,коментира тој.

Пржино е резултат на една низа средби, лидерски средби, кои се случуваат со години. Учествуваат најголемите партии, а потоа парламентот само ги усвојува заклучоците. Дури и дебатата изостанува.

ГЕОРГИЕВСКИ: Со попрости зборови, Пржино е ситуација во која бандити влетуваат во про­ давница и заробуваат пет деца и велат дајте толку и толку пари или ќе ги уби еме децата. Што ќе сторите? Ќе им дадете пари? Не. А, ќе преговарате ли? Мора да преговарате, затоа што тоа е бандитизам. Ќе ги отепаат неви­ните луѓе. Во таа ситуација, вие ги препознавате ролјите, ние моравме да преговараме. Инаку, Пржино е апсурд над апсурдите. Пржино е базирано на консензус на четирите најголеми партии… Значи има најголеми, големи и помали партии. По што се дру­ гите помали? Демократијата не признава помала или поголема партија, тоа е болшевизам. Пр­жино е болшевистичка идеја, но идеја во која требаше да се компромитира победникот на изборите. Бидејќи многу се уси­ливме, 10 избори по ред. Европа не може да го разбере тоа. Во кој Устав пишува „специјален об­ винител“? Значи Пржино приз­нава дека има нешто поголемо од Уставот, а тоа е интересот. А како најголема партија, по некој етички правила, по цена да загу­биме дел од најверните луѓе, да преговараме. И тоа е страшно. На крај, од реторички причини, сето тоа мораше да се заврши со демократија или со граѓан­ ска војна. Со војна не можеше, немаше критичка маса. Сакам да апелирам до најверните луѓе, моравме да го направиме ова затоа што ние сме одговорни за судбината на македонскиот народ. Бидејќи ВМРО не е само политичка програма, туку ге­нетска програма за секој што се смета за Македонец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top