| четврток, 6 декември 2018 |

Се лизна дел од улица во Пржино

Сабајлево се лизна дел од улицата “Пандо Кљашев” во населна Пржино. Половина од коловозот е паднат во градежната парцела која ја направил инвеститор со градежна машина. Фоторепортерот на весникот “Вечер”, Драган Митревски направи ексклузивни фотографии од клизиштето што го однесе патот.
Екипа од градежниот инспекторат на општина Кисела Вода веднаш излезе на терен. Жителите на околните куќи велат во повеќе наврати реагирале и предупредувале дека ископот кој го врши инветитотор под патот ќе предизвика свлечиште.

фото: Драган Митревски/Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top