| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Почна уривањето на македонското општество

она што следи со федерализирана, косовизирана и колонизирана Македонија, без народ и уставно име. Тоа е засекогаш. Затоа и се врши притисок на Заев да не му се суди- пишува Драган Павловиќ Латас во последната колумна

Почна уривањето на македонското општество. Оние кои градат, треба да бидат лошите. Оние кои краделе, амнестирани или не, треба да бидат добрите. Кодошите, соработници на комунистичките полиции, сега им судат на другите за нивни приватни телефонски разговори. Приватни, не кодошлаци. А и тие монтирани. Стаорци од политичките подземја станаа агитатори.

Ги собираа од маргините, и им отворија сајтови кои служат за неказнето газење врз луѓе. Како во нивната ’48. Зошто се случува сето ова… која е крајната цел. Да се сузбие секаков отпор – вербален, политички, економски, медиумски, интелектуален, финансиски, етнички… личен и колективен за уривање на Македонија која ја знаеме сега. И создавање некоја друга… која, и каква? Треба само да се гледа, и ќе се разбере- предуредува Драган Павловиќ Латас во колумната „Црвено“.

Заев го вети следното: двојазичност на албанскиот и македонскиот јазик на цела територија на Македонија. Подготвеност да ги прифати условите од Атина како најдобро можно решение за нас, накитено со зборови за нашите европски иднини и слично. Право на Албанците во Македонија на вето на секоја одлука.

Последниот чекор на Заев и СДСМ да прифати дека двајца албански членови на Државната изборна комисија имаат право на вето на одлука на другите седум членови – е првиот чекор. Ова правило, наскоро, со СДСМ ќе биде правило во Уставниот и Врховен суд, во судскот совет… во сите државни институции.

Гласот на Македонците, колкав и да е, нема да има никаква важност. Почна со поништување на Македонецот во иселеништво. А продолжува и тука. Накусо, да добиеме федерална држава во која Албанците имаат право на вето на одлуките кои ќе важат за сите. Ние, Македонците, никаде немаме право на вето.

Дали е ова само можност, опција. Не. Ова веќе се случува, сега и овде. Тоа е причината зошто ВМРО и Груевски треба да се ослабат. Да се замрзнат медиумите кои не се под соросоидите. Затоа се валкаат и газат сите од јавниот живот кои не се согласуваат со ова.

Но, ќе издржиме. Тоа газење и валкање не е ништо во однос на косовизацијата која ќе следи ако им успее превратот со Заев. Затоа, подобро да се издржи овој напад сега кој, сепак, е привремен – од она што следи со федерализирана, косовизирана и колонизирана Македонија, без народ и уставно име. Тоа е засекогаш. Затоа и се врши притисок на Заев да не му се суди. Да се заштити извршителот Заштита на Заев не е можна според закон, затоа се менуваат законите и се создава неуставна институција.

Се повторува истиот модел кој беше применет со СДСМ за Заев: се измислува специјално обвинителство и се носи на чело анонимен неквалификуван лик, како и Заев, кој ќе стори се што амбасадорите ќе побараат од него. Кој не одговара пред Македонија, туку пред нив. Ја извадија Катица од никаде, и ја наградија со функција, како и Заев. Сега тие им се должни на амбасадорите за таа награда, и треба да одработат.

А ние да платиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top