Се почна, барем видливиот дел од акцијата, со уцена на локален кримоген олигарх од Струмица, донесен преку ред и без капацитет за шеф на опозициска партија, кој оди кај легално избран премиер и го уценува: имам ваши приватни телефонски разговори, или дајте оставка или ќе ги објавам. Видовме снимка како уценува газди на големи фирми, по истиот модел. Сега го избрале и пратиле да урне држава. За возврат, ќе добие нова амнестија. И, сосема логично, уцената е одбиена.
Требаше Заев да биде уапсен уште истиот ден. Да се запленат незаконски стекнатите разговори, и да го изнесат пред суд. Да објасни од каде добил толку снимки, колку што Македонија нема од 1945-та до денес. Да објасни која е природата на неговите контакти со некои амбасадори, со италијанскиот за почеток. Да дознаеме и кои биле контактите на Верушевски во Италија, додека бил функционер за безбедност во нашата амбасада во Рим- пишува Драган Павловиќ Латас во својата колумна „Црвено“.
Но, тоа не се случи.
Кога соросоидите почнаа насилства пред владата и собранието, доаѓање на дежурните пропагандисти од глобалните медиуми од типот на Ал Џезаира, плус влез на косовски терористи во Куманово… беше веќе јасно дека работата е спремана од надвор. Беше тајна само причината. Да сакаа странците да ја соборат владата на Груевски, уште во март – април ќе го направеа тоа. Но, не. Разликата, доминацијата на Груевски над СДСМ кај Македонците е толку голема што со тоа би се предизвикал силен негативен ефект, немири и тензии кои без сомневање би завршиле како етнички, и регионални. Треба, за почеток, ВМРО да се ослаби до крајни граници. А потоа…
На нив се уште им треба владата на Груевски, како изворно доминантна во јавноста, но им треба и СДСМ посилен од сега, за да биде менаџер на кризата и извршител на уривањето.
И тогаш, и сега, сметам дека требаше ВМРО-ДПМНЕ да го напушти Собранието, да се гласа за предвремени избори веднаш, и да се излезе на улица. Без подоцнежните малтретирања со преговори, специјални обвинители, тивката втора амнестија на олигархот Заев. Јавно да се каже што е целта на превратот и кој стои зад тоа, и да се бара поддршка од Македонците за избори -веднаш, и победа -сега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


