| четврток, 6 декември 2018 |

Српската црква против договорот од Брисел

srbija-kosovo-znameСрпската православна црква се изјасни против прифаќањето на договорот што ЕУ им го понуди на Белград и Приштина на последната рунда од дијалогот меѓу двете страни, што во втроникот се одржа во Брисел.

Белград и Приштина имаат рок до вторник да и одговорат на Унијата дали го профаќаат договорот, со кој, според БТА, Србија ќе треба да се откаже од контролата над северно Косово, во замена за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Поглаварот на СПЦ, патријархот Иринеј во писмо испратено денеска до српкото раководство, нагласува дека „не треба да се откажат, да го продадат или да го предадат“ Косово поради „сомнително ветување“ за членство во ЕУ.

Во меѓу време, како што јави Б-92, во Белград продолжуваат консултациите на српкиот државен врв околу договорот. За утре е предвидена средба на српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и првиот вице-премиер Александар Вучиќ со лидерите на пратеничките групи во Собранието на Србија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top