Еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен, Томас Милер е мета на големите клубови од Европа. Сепак баварскиот гигант не сака да слушне за продажба на својот бисер иако на адресата на тимот стигнуваат безброј понуди со вртоглави цифри.
Најзагреан за Милер е гигантот од Англија, Манчестер Јунајтед кој не престанува да испраќа понуди до Баерн. Претседателот на баварците Карл-Хајнц Румениге им порача на „црвените-ѓаволи“ да престанат да исраќаат понуди затоа што Милер не е на продажба.
Ситуацијата би можела да се промени откако самиот фудбалер истакна дека би можел да во иднина да ги смени клупските бои. Во интервју за магазинот „Велт на Зонтаг“ Милер признава дека мултимилионските суми што ги нудат премиерлигашите се премногу примамливи засите фудбалери, а ниту тој не е исклучок.
– Треба да се гледа комплетната слика. Ако нешто е добро за тебе денеска, не значи дека ќе биде добро и во иднина. Да не се лажеме, платите во Премиер-лигата се примамливи за сите. Би било лицемерно да кажам дека тоа не се однесува и на мене. Знам дека многу германски клубови се незадоволни од трошењето на англиските екипи, но кога толку пари се инвестираат во спортот, тоа може да биде само позитивно – изјави Милер.
Одличниот офанзивен фудбалер во Баерн Минхен заработува 130.000 евра неделно, сума што Манчестер јунајтед е подготвен да ја удвои за да го доведе на „Олд трафорд“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.