Фудбалската репрезентација на Полска слави пласман на Европското првенство 2016 година по победата над Ирска од 2-1 во вчерашниот натпревар на домашен терен. Ова е трет пласман во завршницата за оваа репрезентација, а сите заслуги одат на адресата на невројатниот „мистер гол“, напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.
Тој е најдобар стрелец во квалификациите со 13 погодоци, а оваа сезона игра во невројатна форма постигнувајќи неверојатни 22.гола досега во сите натпреварувања.
Во вчерашниот натпревар Левандовски беше творец на победата бидејќи успешно стрелаше во 42.минута од натпревар за 2-1.
Посебно е впечатливо ударот со глава кој го изведе од повеќе од 12 метри, со брзина поголема од 83 километри на час.
Топката од ударот на Левандовски до голот на Ирска стигна за половина секунда, што доволно говори дека ова може да го одбрани само некој кој има рефлекси на мачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)