| четврток, 6 декември 2018 |

Творецот на победата над Рајн-Некар голманот Ангелов, се најде во изборот за најдобри одбрани во ЛШ (видео)

vardar-germanci-27

 

Петар Ангелов-Диви миленикот на публиката во „Јане Сандански“, беше главниот творец на победата на Вардар во дербито од четвртото коло во Лигата на шампионите против Рајн-Некар Левен.
Тој во саботниот натпревар влезе во игра во второто полувреме и набрзина нанижа неколку одбрани давајќи им дополнителен мотив на своите соиграчи да заиграат понагажирано во нападот и да дојдат до уште една победа, четврта во Лигата на шампионите.
„Диви“ успеа да го спречи „зицерот“ на Менсах-Ларсен кој до тогаш беше нерешлива енигма за одбраната на „црвено-црните“ и дополнително да ја запали атмосферата во салата.
Во продолжение погледнете ги најдобрите пет одбрани од четвртото коло на следниот ЛИНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top