Фудбалерите на Баерн Минхен на шест кола пред крајот на првенството во Бундес-лигата ја освоија шампионската титула, по победата во Франкфурт против Ајнтрахт со 1-0. Баварскиот тим има недостижна предност од 20 бода пред ланскиот првак Борусија Дортмунд и им го одзема шампионскиот трофеј на „милионерите“.
Прекрасен погодок, вреден шампионско славје постигна Бастијан Швајнштајгер, во 53.минута, кога со петица го совлада нашиот Ока Николов. Претходно, Давид Алаба не успеа да реализира и пенал за Баерн Минхен.
Борусија Дортмунд со пресврт го совлада Аугсбург со 4-2. По првиот дел беше 1-2 за гостите. Во продолжението во игра влегоа Марио Геце и Левандовски и токму тие беа креатори на пресвртот. Шибер го отвори резултатот во корист на „милионерите“, но пред крајот на првиот дел, Бајер и Вогт, најавија изненадување. Сепак, тоа не се случи, бидејќи Левандовски со два гола и Суботиќ, донесоа сигурен триумф од 4-2 за Борусија Дортмунд.
Шалке со головите на Дракслер и на Марика, забележа вредна победа во Бремен, против Вердер.
szólj hozzá: Frankfurt Bayern 0-1 Hoofoot.com HD Extended
Резултати, 28. коло: Ајнтрахт – Баерн 0-1, Борусија Д. – Аугсбург 4-2, Вердер – Шалке 0-2, Баер – Волфсбург 1-1, Борусија М. – Гројтер Фирт 1-0, Хамбургер – Фрајбург 0-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




