За нас е чудно што СДСМ го прифати предлогот на ДУИ да се воведе бадинтер во ДИК. Тоа значи дека во сите општини каде етничките заедници имаат над 20 отсто ќе може да се суспендира гласањето на членовите на ДИК, односно да важи само на оние кои се од различните етнички заедници, што значи ќе може да се блокриа работата на ДИК, рече Груевски во Дневникот на „Сител“.
-Тука е партиска борба за превласт на една политичка партија, зошто таа политичка партија може истото да го направи и да наштети на друга политчка партија од истиот етнички блок. Повеќе може да наштети на партија од ист етнички блок, отколку на партија од различниот етнички блок. Се судруваме со апсурди,се обидуваме да бидеме колку можеме порационални и поконструктивни. Ние знаеме дека ќе победиме, полесно е да попушташ кога знаеш дека ќе победиш. Правиме компримиси, но знаеме една работа, дека компромисите треба да имаат смисла, да не биде нешто што ќе биде само за овие избори и веќе наредните цела држава ќе констатира дека тоа било глупост и дека треба сите заедно да констатираме да се смени. Се трудиме да направиме компримиси, многу работи попуштивме, зошто знаеме дека и со тие ќе победиме но се’ треба да има смисол, да биде фер, а не една пaртија да добие се’ што ќе побара, а друга да има нефер губиток поради тоа, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.