| четврток, 6 декември 2018 |

Во овие 6 научни митови многу луѓе веруваат и понатаму. А вие?

Науката напредува со голема брзина, но сепак, некои од фактите се чини дека е тешко да се прифатат и усвојат. Многу луѓе уште и ден денес веруваат дека првите луѓе живееле во исто време кога и диносаурусите, дека громот не удира два пати во исто место и дека постои темна страна на Месечината.

Сепак, фактите говорат нешто сосема поинакво.

1. Може да убиете вирус

Не може да убиете вирус! Може да го деактивирате, уништите, но не може и да го убиете. Вирусот не бил жив за да може да се убие.

2. Темна страна на Месечината

Месечината нема темна страна. Има само подалечна страна која добива исто количество на светлина како и поблиската страна.

4. Громот не удира два пати во исто место

Тоа не е правило – високите згради се често погодувани од гром. Освен тоа, ренџерот Рој Саливан бил удрен од гром дури седум пати пред во 1983-тата година да изврши самоубиство.

5. Годишните времиња се менуваат поради идеалната оддалеченост од Сонцето

Делува смислено, но сепак не е точно. Кога северната хемисфера ќе се навали кон Сонцето, таа му е поблиска, па токму затоа таму е и малку потопло, а кога е на спротивната страна, тогаш е поодалечена па со тоа е и малку поладно. Сепак, тоа не е тоа тоа. Земјата е оддалечена од соларните пламени цели 62 милиони километри, па малото движење на едната или на другата страна не значи многу. Важен е само аголот под кој паѓаат зраците на Сонцето.

6. Првите луѓе и диносаурусите живееле во исто време

Да, некои луѓе сè уште веруваат во ова. Но, тоа не е точно. Помеѓу нас и диносаурусите минале 65 милиони години. Токму истребувањето на диносаурусите овозможило опстанок на цицачите, кои после нивното истребување се прошириле низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top