| четврток, 6 декември 2018 |

Вавринка го освои трофејот во Токио

vavrinka

Швајцарецот Стан Вавринка го освои 11. трофеј во својата кариера, откако утрово, во финалето на АТП турнирот во Токио, го победи францускиот тенисер Бено Пер со 2-0, по сетови 6:2 и 6:4.

За Вавринка ова е четврти трофеј оваа сезона, во која тој победуваше и во Ченај, Ротердам, и на Ролан Гарос.

Триумфот во Токио на швајцарскиот тенисер му донесе 306.200 долари и 500 АТП поени.

Поразениот Пер заработи 138.000 долари и 300 АТП поени.

Наградниот фонд на турнирот во главниот јапонски град изнесуваше 1,4 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top