| четврток, 6 декември 2018 |

Многу на малку, Хрватска нѐ скоцка со 36-22

 

pene

Хрватска рутински ја победи Македонија со 36-22 во второто квалификациско коло за настап на ЕП. Искусниот состав на гостинките лесно се справи со подмладената селекција на Македонија и најави дека е фаворит за првите две места заедно со Црногорките.

Вардарката Андреа Пенезиќ беше незадржлива и со 9 гола ја предводеше Хрватска до втор триумф во четвртата група. Како мал куриозитет е податокот дека Хрватките постигнаа 22 гола во второто полувреме, еднакво на вкупниот учинок на нашите ракометарки на целиот натпревар,

За Македонија само 5 ракометарки постигнаа голови, а најефикасна беше Сара Ристовска со 8 прецизни удари. Елена Георгиевска постигна 5 погодоци.

Сега следи пауза во квалификацискиот циклус до март, кога ќе и гостуваме на Словенија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top