| четврток, 6 декември 2018 |

Франција да се избори со невработеноста, бараат граѓаните

невработениВо Франција има околу пет милиони невработени, па борбата против невработеноста е приоритетна за 79 отсто од испитаните граѓани на оваа земја, далеку пред намалувањето на државниот долг.

Резултатите на испитувањето на весникот „Димаш Вест Франс“ се јасни, бројот на Французите кои сметаат дека е потребно да и се даде приоритет на невработеноста се зголеми за неколку месеци, од 70 проценти во септемеври 2012 година на 79 отсто во април оваа година. Во споредба со август 2011 година така мислеа само 59 проценти од испитаниците.

Истовремено, ако 87 проценти од анкетираните Французи изразуваат загриженост поради јавниот долг на дражавата, само 40 отсто од нив сметаат дека намалувањето на долгот треба да биде приоритет, во споредба со септември 2012 година кога нивниот број беше 51 отсто, додека во февруари 2012 година – 57 проценти.

Втор од приоритетите на Французите е здравственото осигурување, со поддршка од 58 отсто од граѓаните. Заштитата на животната средина е приоритетна само за 29 проценти од испитаниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top