| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Грозни забрани сечење торти на свадбите

Градоначалникот на главниот град на Чеченија, Грозни, забрани невестата и зетот заедно да го сечат првото парче торта. Муслим Хучијев обичајот го нарече „премногу западен“ и им порача на граѓаните дека мораат да работат на „зачувување на својот духовен и културен развој“.

torta

На листата забранети свадбени обичаи се најдоа и „непристоен танц“, а се препорачува невестата и зетот за време на првиот танц да бидат оддалечени еден метар еден од друг, а најдобро е невестата да не танцува.

Според Хучијев гостите на свадба не треба да се појават во алкохолизирана состојба, како ни во облека која „не е во согласност со чеченскиот менталитет“.

„Свадбените рации“ веќе се спроведени во дело, а Хучијев планира забраната да ја прошири и на родендените и годишнините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top