Младата репрезентатција на Италија во одличен меч ја победи селекцијата на Македонија со 3-2 на теренот на Спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ во Скопје, а вистински јунак на „аѕурите“ е Лука Видо. Момчето што игра за јуниорите на Милан не потопи на водениот терен во населбата Аеродром и тоа со хет-три, иако и нашите момчиња ја заслужија победата.
Италија поведе со голот на Видо од пенал во 11. минута, а избраниците на селекторот Марио Станиќ направија пресврт и на одмор заминаа со предност од 2-1. Селмани израмни со гол во 16. минута, за потоа прецизен од белата точка да биде и Јевтовски, што и донесе предност по првите 45. минути на Македонија. Во вториот дел беше еднакво возбудливо, а Видо отскокна со квалитетот и речиси сам и донесе победа на Италија.
Шпицот на јуниорскиот состав на Милан погоди уште двапати, во 69. и 71. минута и беше најзаслужен за триумфот на „аѕурите“.
До крајот на мечот беше и тензично па имаше и три исклучувања, две кај Македонија и едно кај гостите. Италија со победата се проби на втората позиција со 4 бода, зад Англија со 6 и пред Финска со еден. Македонија има два порази од два меча, но шансите за бараж не се загубени, ако во последната рунда ја победиме Финска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.