Најмалку 86 лица загинаа, а 186 се повредени во денешните експлозии што одекнаа во близина на железничката станица во Анкара, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.
Цел на нaпадот бил мировниот марш на опзицијатa која повика на запирање на насилството со курдските сепаратисти, припадници на Работничката партија на Курдистан (ПКК).
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган силно ги осуди двојните бомбашки напади во Анкара истакнувајќи дека мета на нападот биле единството на државата и мирот.
Ердоган повика на одлучност и солидарност како најважен одговор на теророт. Тој порача дека тие што стојат зад нападите имаат за цел да предизвикаат поделби во општеството.
Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го осуди нападот кој се случи утрово во Анкара, пред планираниот мировен марш, во знак на протест против судирите меѓу државата и курдските милитанти.
#Ankaradayız Emek, Barış ve Demokrasi Mitingindeki patlama anı videosu #dokuz8 / @meliketmbk pic.twitter.com/it3dodESKz
— dokuz8 (@dokuz8haber) October 10, 2015
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


