| четврток, 6 декември 2018 |

72 години од бомбардирањето на Белград

Белград одбележува 72 години од бомбардирањето. Со комеморативни собири и полагање на венци Србија им оддава почит на оние кои настрадаа на 6-ти април 1941 година, кога започна нападот на Германија над Југославија во Втората Светска војна.

Во масовното бомбардирање настрадаа голем број цивили, а уништени беа илјадници згради и други објекти.

Белград, кого југословенските власти го прогласија за отворен град, беше уништен во нападот на Германија, а точниот број на жртвите никогаш не беше утврден. Се проценува дека тогаш живееле околу 370.000, а 4.000 од нив загинале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top