САД презедоа многу одмерен чекор, кој „во целост беше оправдан“, кога изведоа ракетен напад во Сирија поради смртоносниот напад со хемиско оружје, изјави американската амбасадорка во ОН Ники Хејли.
– Ние сме подготвени да направиме и повеќе, но се надеваме дека тоа нема да биде неопходно, изјави таа на синоќешната итна седница на Советот за безбедност на ОН.
– САД нема да стојат на страна кога ќе се употреби хемиско оружје. Витален интерес за нашата национална безбедност е да го спречиме ширењето и употребата на хемиско оружје. дополни Хејли.
Таа уште истакна дека САД инсистирале седницата на СБ на ОН да биде отворена за „секоја земја која ќе одлучи да ги брани злосторствата на сирискиот режим, тоа да го направи пред очите на јавноста, за цел свет да чуе“.
Вонредната седница на СБ беше свикана по повод американските напади во Сирија, одобрени од претседателот Доналд Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.