Четири лица, меѓу кои и петгодишно девојче, загинаа во несреќа во која автомобил марка „ауди” удри во една инпровизирана количка во источна Романија. Зад воланот седела Дијана Дину, носителка на титулата “Мис Романија”, соопштува „Дејли Мејл“.
– Дину удрила во количката со осум лица, кога таа ненадејно се појавила на патот. Според зборовите на Дину, таа не можела на никаков начин да го избегне судирот. Во автомобилот со неа патувале три лица, кои не се повредени. Инцидентот се случил на пат во округот Вранчеа. Четворица од патниците во запрежнта количка загинале. Останатите биле во болница во критична состојба – соопшти полицијата.
Според полицијата, 46-годишниот возач на колата Маријан Батоага бил пијан и излегол на патот без да се погледне за минуваат автомобили. Тројца од загинатите се од едно семејство.
Дину (25) е поранешна „Мис Романија”. Во 2014 таа ја освои титулата “Мис Глоуб Романија”, а оваа година ќе претставува својата земја на финалниот фаза на натпреварот во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун