Јајцата освен што се одличен избор за појадок и разни рецепти, илјадници години се користат и во различни козметички третмани.
Оваа метода со користење на белката од јајцето е ефикасна во отстранување на митисерите, а неверојатно е евтина и во исто време и низа други позитивни делувања.
Јутјуб бологерката Бабамитсане покажува како тоа се прави и ги објаснува сите чекори и фините детали. Маската која ја става на лицето е повеќе наменска. Длабински ја чисти кожата, ги отстранува митисерите, ги затега порите, контролира маснотијата на лицето, отстранува лузни и акни, ги намалува борите и го прави вашиот тен блескав.
Малку изматете ја белката потоа нанесете ја лицето. Избегнувајте ги очите и устата. Потоа земете парче марамче и ставете на образите, носот и челото. Пополека втријте по лицето и нежно повторно ставете белка и оставете потполно да се исуши, околу 30 минути.
Кога ќе помине времето нежно одлепете ги марамчињата од доле кон гор на лицето, исперете со млака вода и осушете со пешкир. Промените веднаш бидат видливи.
За најдобри резултати маската користете ја два пати неделно, додека кај оние со сува кожа се препорачува еднаш неделно користење на маската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)