Дека СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев ја губат контролата и веќе не знаат што и како ветуваат пред граѓаните, покажуваат новите нереални и по малку комични предлози на Заев.
Освен што Заев на своите настапи пред граѓаните нуди нереални предлози и лажни ветувања, како ветувањето за по еден вработен од секое семејство, а сега во нов облик дека ќе дава по 1000 евра приход за секое семејство, лидерот на СДСМ наместо со реална програма и проекти очигледно се занимава со несериозни предлози и теми – вети дека ќе организирал поетски вечери во секое маало.
И додека струмичани бараат остварување на ветувањата, асвалтирање на улици, игралишта, канализации, Зоран Заев со нов креативен план – ќе пренесувал искуства и ќе ги учел струмичани на тајните на италијанската кујна за правење пици и тестенини.
Очигледно СДСМ и на овие избори ќе биде без реална програма.
Според очекувањата Заев и СДСМ само со цел да го привлечат вниманието, и на овие избори ќе настапат со лажни, некреативни и нереални ветувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)