Францускиот репрезентативец Карим Бензема мораше превреме да го напушти пријателскиот натпревар против Ерменија кој го добија „триколорите“ со 4-0. Играчот на Реал Мадрид постигна два гола, но мораше во финишот превреме да го заврши мечот поради болки во бутниот мускул.
Селекторот Дидие Дешамп објасни зошто се решил на ваков потег.
– Бензема почувствува болка во мускулот и мораше веднаш да реагираме. Се надевам дека не е нешто сериозно, но тоа ќе треба да го потврдат луѓето од лекарскиот тим – изјави Дешамп.
Многу поголема загриженост искажаа раководните луѓе на Реал Мадрид, со оглед дека Бензема сега е неизвесен за дуелот против Леванте следниот викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.