| четврток, 6 декември 2018 |

Влијанието на алкохолот и дрогата врз сексот

Вотка со лимон, ледено бело винце и цигара со кафе или после секс e повеќе од совршено искуство.  Но дали сте размислиле колку и како ова ваше мало слатко уживање влијае врз вашиот сексуален живот? Сите овие зависности имаат последици врз вас, дали краткотрајни или посериозни и долготрајни.

seks

Комбинација од секс и алкохол

Иако го има на секоја можна забава, алкохолот е еден вид зависност и има влијание врз сексот. Малите количини се добредојдени за опуштање при првиот состанок или во некоја слична пригода, но големите количини може да ве одведат во кревет на тотален странец. На страна овој ризик, кај машкото алкохолот ја намалува ерекцијата, а со преголеми количини алкохол во крвта таа не си не појавува.

Честата консумација на алкохол може да одведе дури до еректилна дисфункција, а влијае и врз квалитетот на спермата што може да одведе кон неправилен плод или спонтан абортус.

Кај жените алкохолот може да предизвика сувост на вагината, бидејќи во алкохолизирана состојба намален е протокот на крв во гениталиите.

Секс и амфетамини

При консумација на амфетамини т.е екстази мажите имаат проблем со ерекцијата. Не можат да ја добијат или таа е болна и никако не поминува, а исто така има случаи кои и покрај долготрајната мастурбација и секс не можат да ејакулираат. Опасно високите количини пак може да предизвикаат спонтани оргазми, а влијаат негативно и врз срцето.

Секс и кокаин

Бидејќи кокаинот е и локален анастетик некои мажи го нанесуваат на пенисот и така ја намалуваат неговата осетливост и така ја зголемуваат издржливоста за време на сексот. Но за овој ист ефект подобро е да купите крема од некој локален секс шоп.

Секс и никотин

Мажите кои уживаат во цигарите и никотинот се 2 пати поподложни на импотенција. Освен тоа тие произведуваат и помало количество на сперма која може да биде деформирана и да предизвика здравствени проблеми кај детето.

Секс и марихуана

Долготрајното консумирање на оваа дрога влијае врз намалувањето на либидото, кај жената може да го поремети менструалниот циклус.

Од друга страна конзумирањето на опојни дроги е кривично дело и подлежи на санкции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top